Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Повреден раскажа што се случило во кобниот момент на бензинската пумпа

(ФОТО+ВИДЕО) Повреден раскажа што се случило во кобниот момент на бензинската пумпа

Бев на поминување, видов дека тече плин, имаше автомобил пред мене, веројатно некоја несреќа, раскажува Владимир Нишиќ, кој е еден од повредените во експлозијата на пумпата во местото Шепак, во близина на Лозница. Тој за српски „Курир“ раскажа што се случило во кобниот момент.

„Во моментот на поминување се случи експлозијата, и повеќе не знам што се случи. Беше многу страшно“ – вели Владимир.
Oчевидци раскажаа морничави сцени. Според нив, на околните куќи им пукнале прозорци, врати, па дури  и покриви. 
„Излеговме да видиме што се случува. Еден човек беше затрупан во урнатините и бараше помош. Никој не смееше да пријде. Пријдовме јас, полицаец и едно момче. Го извлековме и го ставивме во полициско возило“, вели очевидец. 

Силната експлозија се случи околу 14.40 часот на бензинската пумпа „Нешковиќ“ во близина на граничниот премин Трбушница меѓу Србија и БиХ.  Детонацијата се слушна далеку. Најмалку едно лице е загинато, а осум се повредени. 

Од повредените лица 7 се згрижени во болница во Зворник, а едно лице во болница во Лозница, дознава новинската агенција Срна во Полициската управа во Зворник, пренесува РТРС.

Од нив пет се со полесни повреди. 

РТРС објави дека две повредени лица, кои се со повреди опасни по живот, се префрлени во болниците во Бања Лука и Тузла.

Експлозијата речиси целосно ја уништи бензинската пумпа и оштети голем број автомобили. Неколку автомобили се целосно изгорени. 

Сообраќајот на релација Зворник - Бијелина е затворен и се пренасочува кон алтернативни патишта.


Слично

Поврзани вести