Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Потоп во Црна Гора, луѓето „заробени“ во куќите и автомобилите

(ФОТО+ВИДЕО) Потоп во Црна Гора, луѓето „заробени“ во куќите и автомобилите

Невреме предизвика поплави во одредени делови на Рисна и Будва, а помала штета е направена и во Подгорица.

Во Будва многу автомобили останаа „заглавени“ во вода, јавуваат црногорски медиуми.

Поради поројните дождови и зголеменото ниво на водата во некои делови на градот поединечни патишта се поплавени и непроодни.

Во Подгорица штета предизвика силниот ветер, кој корнеше стебла, додека дожд врнеше со послаб интензитет. 

Коритото на реката Грџевица која беше скоро пресушена се користеше како паркинг, но по обилните дождови реката предизвика опасност. 

Граѓаните се жалат дека поради невремето не можеле да отидат ни до продавница. До крајот на денот можно е да врне и снег. 


Слично

Поврзани вести