Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Поплавите во Грција однесоа живот

ФОТО+ВИДЕО: Поплавите во Грција однесоа живот

Еден човек на возраст од 33 години загина во поплава на грчкиот остров Закинтос. 

Тој бил во својот автомобил во клисура, кога возилото го зафатила надојдена вода. Неговото тело е пронајдено на три километри подалеку од возилото кое било лоцирано неколку часа претходно. Мажот се удавил во саботата навечер, а е пронајден во недела утрото. 20 биле заробени во поплавите, но се спасени. 

Во Атина, противпожарна служба примила околу 300 повици за помалку од 24 часа за испумпување поплавени подруми и други простории. 

Поради поплави беа затворени и неколку метро станици во Атина. 

Националната метеоролошка служба предупреди дека дождовите ќе продолжат и денеска во повеќето делови на Грција. За утре се прогнозираат силни ветрови и ниски температури.


Слично

Поврзани вести