Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Поларна зима во БиХ, снег и хаос во сообраќајот

ФОТО+ВИДЕО: Поларна зима во БиХ, снег и хаос во сообраќајот

Во планинските делови на БиХ има снег што предизвика потешкотии во сообраќајот. 

На магистралниот пат Сараево-­Фоча на планинскиот превој Рогој сообраќајот се одвива отежнато поради врнежи од снег. Возачите биле неподготвени и на возилата имале летни гуми. 

Од Авто­мото сојузот на Република Српска изјавиле дека имало формирано снежна покривка од десетина сантиметри и дека била формирана колона автомобили од 10 километри. Утре температурите во БиХ ќе бидат од -2 до 4 и од 5 до 9 степени. 

Снег денеска падна и на Попова Шапка во Македонија. 

Слично

Поврзани вести