ФОТО+ВИДЕО: По обилни врнежи улиците во Ријека под вода
Дождот кој вчера врнеше, во хрватскиот град Риjека ги поплави улиците.
Од голем број улични шахти избива вода, а на социјалните мрежи се појавија бројни видеа и фотографии за состојбата во градот. Овој град годишно има по 100 дождливи денови, со што руши и европски рекорд. За 12 часа паднале 102 мм дожд. Во 2000 година се случи во градот за еден месец да наврнат 483 мм дожд.


Поројните дождови предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, а на некои места водата е до колена, пренесува Индекс.
Слично
