Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ПЕТ ЖРТВИ МЕЃУ КОИ И БЕБЕ: Поплави погодија грчки остров

(ФОТО+ВИДЕО) ПЕТ ЖРТВИ МЕЃУ КОИ И БЕБЕ: Поплави погодија грчки остров

Поплавите на грчкиот остров Евија, однесоа пет животи, а меѓу нив е и едно бебе.

Бебето кое имало 8 месеци е пронајдено мртво, објави портпаролот на противпожарната служба. Родителите на детето не се повредени.

Неколку часови порано, маж и жена, двајцата во 80-тите години, се пронајдени во несвест од пожарникарите во две куќи. Во болницата е потврдено дека починале.

Блокирани се патишта и оштетени се десетици куќи. 

По две лица се трага. 


Премиерот Киријакос Мицотакис изрази длабока жалост поради трагедијата. 

Невремето Талија за викендот зафати неколку области на копното во Грција иако времето се подобри во неделата.

Скоро 100 пожарникари и два хеликоптера и крајбрежната стража учествуваат во операцијата за спасување.


Слично

Поврзани вести