Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО РИЈЕКА: Улиците личеа на реки

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО РИЈЕКА: Улиците личеа на реки

Невреме со грмежи и пороен дожд, како и снег на повисоките места, вчера го зафати реонот на североисточниот дел на Јадранското Море, на потегот од хрватскиот град Ријека, до италијанскиот град Трст.

Во Ријека до вечерните часови наврнале околу 200 милилитри дожд, што предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот. Низ улиците на градот течеле реки вода, а во некои делови се создале вирови длабоки и до 40 сантиметри.

Невреме проследено со порен дожд било регистрирано и на подрачјата на словенечкиот град Копер и во околината на Трст.

Врнежи и грмежи денеска ќе има во Далмација. 

На некои повисоки реони во Истра во вечерните часови дождот преминал во снег. Промена на времето и разведување ќе има кон крајот на неделата. 


Слично

Поврзани вести