Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО АЛБАНИЈА: Загина еден човек

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО АЛБАНИЈА: Загина еден човек

Електричар од албанскиот град Фиер е првата жртва во невремето кое што ја зафати соседна Албанија. 

Тој загинал од електричен удар во моментот кога отстранувал дефект во селото Крујан. Човекот  брзо е префрлен во болница каде починал. 

Невремето е проследено со силен ветар и обилен  дожд.

Поројните дождови поплавиле големи земјоделски површини и патишта низ Албанија, а од големото ниво на вода блокиран е и автопатот Тирана-Драч.

Сообраќајот отежнато се одвива и на патот кој води кон меѓународниот аеродром во Тирана. Видно е зголемено и нивото на реките, а поплавени се и повеќе деловни објекти и домови.

Утре нема да работат сите училишта и градинки во земјата. 


Слично

Поврзани вести