Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: По Хрватска, под вода е и дел од Словенија

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: По Хрватска, под вода е и дел од Словенија

Циклон го потопи крајбрежјето во Словенија, а градовите Пиран, Изола и Копар синоќа се поплавени поради обилните дождови.

Неофицијално нивото на морето ја достигна втората највисока точка во последните 50 години.

Обилниот дожд и ветерот предизвикаа проблеми и во другите делови од земјата, посебно во североисточниот и западниот дел.  Пожарникарите цела ноќ поставувале бариери за да го запрат ширењето на водата.

Словенечката новинска агенција СТА објави дека нивото на водата во одредени делови достигна 60 сантиметри, а најлоша состојбата е во Изола.

Вчера невреме имаше во Сплит, и Добровник во соседната Хрватска. На некои места наврнаа 222 литри дожд на метра квадратен за 24 часа. На удар беа повеќе земји од регионот. Инаку, силното невреме проследено со ветрови го зафати и албанското крајрежје во Химара. 


Слично

Поврзани вести