ФОТО+ВИДЕО: Напад во Истанбул - ранети над 20 полицајци
Повеќе од 20 луѓе се повредени по експлозија што се случила во непосредна близина на стадионот на Бешикташ „Водафон арена“ во Истанбул.
Ова го соопштил турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, објавува Ројтерс. Мета на нападот биле припадници на полицијата за спречување нереди распоредени околу стадионот.

Според првичните извештаи многумина полицајци биле повредени. На социјалните мрежи веднаш се појавија слики и видеа од густ облак од чад како се издигнува над стадионот.

Одредени извештаи велат дека по првата појака имало и втора послаба експлозија, по што следувала и престрелка во недалеку од плоштадот „Таксим“ во центарот на градот.
Полицијата ги затворила улиците околу стадионот на кој се играл натпревар меѓу два од најдобрите турски клубови Бешикташ и Бурсаспор. Натпреварот бил завршен во моментот на експлозијата.
