(ФОТО+ВИДЕО) ИСТАНБУЛ ПОД ВОДА: Луѓето се заглавени во автомобилите
Oбилните дождови предизвикаа поплава во Истанбул.
Тамошните медиуми пишуваат дека сообраќајот во градот е целосно парализиран.
Весникот „Хуријет“ објави дека граѓаните во приградските населби се евакуираат со чамци, додека луѓето што живеат во висококатници останале блокирани во своите домови.

Поплавени се и неколку станици на подземната железница, додека тунелот кој минува под Босфор привремено е затворен за сообраќај.
Невремето почнало доцна синоќа, а ваков пороен дожд не е забележан во градот во последните 32 години.
Министерот за транспорт, Ахмет Арслан, ја опиша ситуацијата како катастрофална и вели дека засега нема информации за жртви.
Се апелира граѓаните да не патуваат ако немаат потреба.
Слично
