Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ГОРИ ОКОЛУ АТИНА: Затворени се патишта и евакуирани се луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) ГОРИ ОКОЛУ АТИНА: Затворени се патишта и евакуирани се луѓе

Шумски пожари има од двете страни на грчкиот главен град Атина, при што се запалени куќи, луѓето бегаат, а детски летни кампови се евакуирани, пренесе АП.

Над градот паѓа пепел и небото од чадот е темно портокалово.

Првиот пожар избил денеска во боровата шума во планината Геранеја во близина на крајбрежната населба Кинета на 50 километри западно од Атина, во областа меѓу Атина и Коринт. Пожарот го гаснат најмалку 150 пожарникари, додека пет авиони што испуштаат вода и седум хеликоптери им помагаат од воздух.

Напорите на пожарникарите за локализирање на огнот се отежнати од силниот ветер кој често го менува правецот. Евакуирани се три населени места и се затворени делови од скоро 20 километри од двата автопати кои го поврзуваат Пелопонез со централна Грција. Поради густиот чад, видливоста на автопатот е намалена на само неколку метри.

Грчките власти објавија дека избувнал трет пожар во јужниот дел на островот Крит и дека гори земјоделско земјиште и шума. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите. Во Атина е прогласена вонредна состојба. 


Слично

Поврзани вести