Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО НОВИ САД: Бараат оставки и кривична одговорност за несреќата која однесе во смрт 14 луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО НОВИ САД:  Бараат оставки и кривична одговорност за несреќата која однесе во смрт 14 луѓе

Голем граѓански протест и вечерва се одржува во Нови Сад, Србија поради несреќата која се случи на 1 ноември, кога натстрешница на Железничката станица се урна и загинаа 14 луѓе. 

Организаторите бараат сите оние кои се директно и индиректно виновни за трагедијата што се случи на 1 ноември, да дадат оставка, но исто така и да бидат кривично одговорни. Голем број граѓани од цела Србија и Белград заминаа во Нови Сад.

Според новинарите на N1, неколку џипови и камиони влегле во дворот на Градското собрание.

Министерот за градежништво во Владата на Србија, Горан Весиќ утрово и официјално поднесе оставка, која ја соопшти на синоќешната прес-конференција.

Меѓу загинатите е и македонскиот научник Васко Саздовски. 

фото  X

Слично

Поврзани вести