Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар во интернат во Турција, изгореа девојчиња

ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар во интернат во Турција, изгореа девојчиња

13 лица загинаа во пожар во интернат во Турција. 

12 од жртвите се ученички, а и загинала и службеничка во интернатот. 12 од жртвите се девојчиња  на возраст од 10 до 14 години. 

Пожар избил во спалните соби на интернатот за девојчиња во градот Аладаг, провинција Адана, во јужна Турција. 

Други 22 девојки се со повреди и се хоспитализирани. 

Пожарот избувнал во вечерните часови и буквално за неколку минути ја зафатил целата зграда. Засега не се соопштува официјалната верзија, но министерот за европски прашања Омер Челик изјави дека пожарот најверојатно настанал од електричната инсталација.

Десетици родители и блиски на ученичките се во магацинот до местото на трагедијата.

Домот имал 34 ученици, а некои се повредиле во обид да избегаат преку прозорец. 

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство на блиските на загинатите, а на другите им посака брзо закрепнување.



Слично

Поврзани вести