Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО ВО БОСНА: Куќите полни вода, реките урнаа мостови

(ФОТО+ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО ВО БОСНА: Куќите полни вода, реките урнаа мостови

На Балканот има невреме и поплави. 

Силните дождови  во БиХ предизвикаа поплави кои однесоа мостови и делови од патишта. Голем број куќи во близина на местото Бугојно се под вода, а населението се евакуира.

Реката Босна достигна водостој од 440 сантиметри и се изли по целата должина.

Во куќите има вода во висина од метар и половина во околината на Зеница. Драматични сцени имаше во Босна, каде луѓето се спасуваа како знаат и умеат. Сообраќајот е блокиран, а може да бидат поплавени и станбени згради. 


Силниот ветер кој дуваше во Дубровник донесе отпад во дубровничкото пристаниште.

Невремето од Хрватска се движи кон исток, а врнежите го подигнаа нивото на реките во Босна и Херцеговина, каде претпладнево има излевање и потопени куќи во западниот дел на земјата. 

фото Аваз.ба



Слично

Поврзани вести