Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Делови од БиХ под вода - погодени повеќе градови

(ФОТО+ВИДЕО) Делови од БиХ под вода - погодени повеќе градови

Поплави има во Босна и Херцеговина по обилните врнежи од дожд. 

Обилните дождови предизвикаа поплави во северозападниот дел на Република Српска, а кај Бања Лука има излевање на едно вештачко езеро.

Најтешко се погодени шест населби во Приедор, каде што се поплавени десетина објекти.

Прогласен е прв степен на готовност за заштита од поплави поради зголемување на нивото на три реки, наведе РТРС.

Градскиот штаб за вонредни ситуации заседава.

Од Министерството за здравство велат дека поради невремето, учениците од неколку училишта се ослободени од часови. На патот Бања Лука – Челинац, во местото Зелен Вир, водата од вештачкото езеро поплави дел од пругата, што го доведе во прашање целокупниот железнички сообраќај во овој дел од БиХ.

На неколку локации во Бања Лука водата се прелеа на улиците. Во градот од вчера напладне наврнале 43 литри дожд на квадратен метар.


Критично е местото Бојиќ каде се излеала реката Јошавка, која поплавила повеќе домаќинства.

Поради големата количина дожд која наврнала, Јошавка се излеала на магистралниот пат Челинац - Прњавор преку Стара Дубрава.

Утре се очекува да престанат интензивните врнежи во БиХ.

фото Аваз.ба


Слично

Поврзани вести