ФОТО+ВИДЕО: Автомобил бомба експлодира до полициска станица во Дијарбакир, има жртви
Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени при силна експлозија во близина на полициска станица во реонот Баглар во турскиот град Дијарбекир.
[UPDATE] Powerful bomb blast in Diyarbakır wounds 15, five in critical condition https://t.co/egnagh9ueU pic.twitter.com/qesAz7v4Ps
— Turkish Minute (@TurkishMinuteTM) November 4, 2016
Автомобилот бомба бил до полициската зграда, каде што непосредно пред тоа биле доведени приведени лидери на опозициската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН) - третата по големина политичка сила во турскиот парламент и главен претставник на курдското малцинство.

Претходно беше соопштено дека ноќеска во Турција биле уапсени 11 прокурдски пратеници, меѓу кои се копретседателите на ДПН Фигел Јоксекдаг и Салахатин Демирташ. Двајцата се уапсени во Анкара и Дијарбакир.

Ројтерс пренесува дека во земјата привремено е блокиран пристапот до некои социјални и апликации за текстуални пораки.
Дијарбекир е центар на курдското население на Турција.

