Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Анкара на нозе - бомбаши самоубијци се разнесоа

ФОТО+ВИДЕО: Анкара на нозе - бомбаши самоубијци се разнесоа

Двајца бомбаши самоубијци се разнесоа крај турската престолнина Анкара при полициска операција, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на турски медиуми.

Терористите планирале напад со автомобил-бомба и се саморазнеле, кога полицијата ги повикала да се предадат.

Според првичните информации еден од бомбашите била жена. Се верува дека третиот осомничен е во бегство. 

На лице место имало 200 килограми материјал за експлозив. 

Терористите пристигнале од градот Дијарбекир, Југоисточна Турција, и биле барани од властите. Според него има сомневања дека биле поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).



Слично

Поврзани вести