(ФОТО) СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА: Четири лица го загубиле животот на патот Ниш-Приштина
На патот Куршумлија - Прокупље во близина на селото Барлово во општина Куршумлија се случила страшна сообраќајна незгода. Околу 06:40 часот утрово се случила несреќата во која се судриле автобус и камион со приколка. Српските власти соопштија дека во ужасниот судир, четири лица го загубиле животот, а шест од патниците во автобусот се потешко повредени.
На социјалната мрежа Твитер српските медиуми објавија слика на која се гледа како возилата се во пламен после судирот, а на патот настанал голем сообраќаен метеж.
Според првичните информации, настанал директен судир помеѓу автобус Nisekspress и камион со приколка. Автобусот возел кон Прокупље, и во еден момент се преминал на спротивната страна од коловозот и директно удрил во камионот.
Četiri osobe su poginule, a nekoliko je povređeno u teškom sudaru kamiona i autobusa na putu Kuršumlija–Prokuplje >> https://t.co/VWV8tPlcaJ #rtsvesti pic.twitter.com/jfFAZHa3xT
— RTS Vesti (@RTS_Vesti) April 30, 2019
Автобусот е целосно изгорен а внатре имало три целосно пеплосани тела - двајца патници и возачот на автобусот. Возачот на камионот, исто така, загинал во несреќата.
Според д-р Невена Вучковиќ од Куршумлијската болница, шест лица од патниците се посериозно повредени и се префрлени во болница во Прокупље.
Инаку, според информациите од српската полиција во автобусот имало десет патници.Твитер RTS Vesti
