Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО)„Сè беше уништено за 20 минути“: ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ЈАЈЦЕ НАПРАВИ ПУСТОШ ВО ХРВАТСКА

(ФОТО)„Сè беше уништено за 20 минути“: ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ЈАЈЦЕ НАПРАВИ ПУСТОШ ВО ХРВАТСКА

Силно невреме проследено со грмежи и град со големина на јајцепопладнево го погоди подрачјето на Пожега, во Хрватска.

Според порталот 034, градот предизвикал материјална штета, има искршени покриви, оштетени автомобили...

"Само можам да кажам дека никогаш не сум видела вакво нешто, сè беше уништено за 20 минути, овоштарници, земјоделски култури. Буквално сè", изјави Валентина Медвед за Дневник.хр.

Во следните неколку часа може да има нестабилност во Хратско Загорје, Меѓумурје и Подравина, на што предупредиУправата за хидрометеорологија на Хрватска. Штабот за цивилна заштита ги повика граѓаните да бидат подготвени за посилни грмотевици што можат да предизвикаат голема штета и да се заштитат од удари на гром, како и од оштетување на имотот.





Слично

Поврзани вести