Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фотографии од туѓ Фејсбук објавил на порно сајт

Фотографии од туѓ Фејсбук објавил на порно сајт

Ј.К.(35)  од туѓи Фејсбук профили земал фотографии и ги објавувал на порно сајт.

Тој без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две девојки од 18 и 20 години на социјалната мрежа Фејсбук и активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет. Фотографиите од нивните профили ги постирал на веб страница која што споделува материјали со порнографска содржина. Пријавениот Ј.К. постирал вкупно 68 фотографии, кои не се со порнографска содржина  од двете оштетени, соопшти МВР.

Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Слично

Поврзани вести