Фотографии од куќата на настраданата девојка во земјотресот во Столац
Утрово, N1 го посети градот Кукавац каде се наоѓа
семејната куќа во која загина 28-годишната девојка, која им подлегнала на
тешките повреди откако огромна карпа паднала врз нејзината семејна куќа.
На првите фотографии се гледа штетата нанесена на куќата за време на земјотресот, но и едно од неколкуте парчиња карпа што синоќа паднале врз домот на младата девојка. Таа се здобила со сериозни повреди и итно била пренесена во болница во Мостар. И покрај големите напори на лекарите, тие не успеале да ѝ го спасат животот.
Повредени се и родителите на загинатата девојка и сестра ѝ кои се во болница.
Фотографиите погледнете ги ОВДЕФото: Фејсбук
Слично
