Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фотографии на гласачите ќе има во избирачкиот список

Фотографии на гласачите ќе има во избирачкиот список

На следните избори во избирачкиот список, ќе има и  фотографии на гласачите.

Овие фотографии ќе бидат исти како фотографиите од личните карти кои се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи.

Со оваа новина избирачкиот список ќе има поинаков изглед. Покрај името, презимето, матичниот број, адресата на секој гласач, ќе биде испечатена и фотографијата што ја има на личната карта. На денот на одржување на изборите ќе се прави проверка на фотографиите и со тоа ќе  се спречат обидите да се гласа со туѓа лична карта.

Фотографии ќе има на не само на главниот избирачки список, туку и на таканаречениот потсписок, за кој се договорија вчера четирите политички партии. Се работи  за 176.000 македонски државјани кои имаат право на глас, но најверојатно не се во државата.

Слично

Поврзани вести