ФОТОГАЛЕРИЈА: По пауза од една година, повторно се одржа Фестивалот на младо вино, видни гости во Кавадарци
Денеска во Кавадарци се одржа фестивал на младо вино, на отворено, во кругот на винаријата „Тиквеш". Виното е наш амбасадор во повеќе од 35 земји на сите континенти, рече Светозар Јаневски, претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш".



Водителот Сашко Коцев потсети дека манифестацијата се одржува по 12. пат, по паузата минатата година поради ограничувањата предизвикани од пандемијата. На настанот се дегустираат вината од последната берба за да се оцени нивниот квалитет и потенцијал. Со тоа, како што нагласи, се создава значајна винска традиција и се зајакнува винската култура во земјата.




Претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски рече дека на овој фестивал се прославува во чест на виното и се согледуваат резултатите од последната гроздоберска сезона. Тој нагласи дека виното е наш амбасадор во повеќе од 35 земји на сите континенти. Јаневски се осврна и на квалитетот на виното и бројните награди.
Фото: Вангел Тануровски
Слично
