Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Илјадници на протест за повисоки плати: Парите за работникот, а не за партиите

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Илјадници на протест за повисоки плати: Парите за работникот, а не за партиите

Фото: Вангел Тануровски

Илјадници граѓани од Скопје и од други градови илегоа на денешниот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија на кој се побара раст на минималната плата на 600 евра и раст на сите останати плати за 100 евра.

Протестот се одвиваше пред Собранието, Пред седиштето на Стопанската комора на РСМ , а потоа како последна точка пред Владата. Беше порачано дека протестите ќе продолжат се до исполнувањето на барањата, а беше најавен и генерален штрајк.

– За сто гласа на парламентарни избори една политичка партија добива 70.000 евра четири години до наредни парламентарни избори, за 2025 година сите политички партии ќе поделат 8 до 10 милиони евра наши пари. Да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата, ако земеме ние повисоки пари ќе има пари државата, младите, пензионерите. Доста ни е лажење, дојдовме по нашите пари што ги заработуваме со крв – порачаа од ССМ денес на протестот пред Владата за повисоки работнички плати.


Слично

Поврзани вести