Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО18+) Брутално со метални шипки претепан новинарот Владимир Ковачевиќ

(ФОТО18+) Брутално со метални шипки претепан новинарот Владимир Ковачевиќ

Во Бања Лука синоќа со метални шипки е нападнат новинарот на телевизијата БН Владимир Ковачевиќ. Тој моментално е згрижен на хирургија во Бања Лука. Реакциите на тој напад се остри - но и лицемерни.

Како што објавил Ковачевиќ на Твитер, синоќа околу 21 часот, на улицата Бановиќ Страхиња го пресретнале и претепале две лица вооружени со метални шипки.

„Моментално се преземаат мерки и се работи на расветлување на ова дело и не можеме да ви кажеме повеќе информации“, рекле од полицијата за српските медиуми.

Владимир Ковачевиќ е вработен како новинар на Радио-телевизија БН.

Уредувачкиот колегиум на оваа телевизија и многу новинари од Бањалука и други делови на БиХ најостро го осудија овој напад и бараат што поскоро да се најдат извршителите на овој брутален чин.

Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ, најостро го осуди нападот на новинарот и побара од полицијата да се расветли овој случај под итно.


Слично

Поврзани вести