(ФОТО) Зошто мора да ја посетите Палма де Мајорка оваа година?
Спојот на пространите борови шуми, карпестите плажи на запад, преубави заливи на исток и долги песочни плажи на север и југ, ја прават Мајорка остров со разноразни настани.
Посебен предизвик за сурферите се плажите на север каде ветерот непрекинато дува, додека плажите на југ претставуваат вистински избор за оние кои би сакале уживајќи на бисерниот песок да го доживеат еден од најубавите заоѓања на сонцето, можеби токму на Ес Тренч плажата.
Палма де Мајорка е главен, а воедно и најголем град на истоимениот остров. Се наоѓа на јужниот брег и е најголемо пристаниште.
Тесните улици на стариот град, „имопзантната готска катедрала Ла Сеу и преубавиот дворец Белјвер шират посебе шарм на сите времиња. Бреговите на соцето, песокот и фламенка ве повикуваат да дојдете и да се отворите за свет поинаков од оној од кој доаѓате. Повеќето од жителите на островот живеат токму на ова модерно место. Мајорка се наоѓа во Средоземното море како дел од архипелагот Балеарски острови на кои помеѓу останатите му припаѓа и островот Ибица. Од втората половина на 20-ти век се смета за синоним на масовниот туризам.
Мајорка нуди голем избор на луксузни хотели и вили така да комодниот престој ви е загарантиран.


