Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Женско авторели со апел да се зголеми безбедноста во сообраќајот

(ФОТО) Женско авторели со апел да се зголеми безбедноста во сообраќајот
Во скопската населба Автокоманда, денеска традиционално се одржа 10-тото женско авторели, на кое учестуваат дваесетина жени, а целта е да се испрати порака за безбедно учество во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, но и вешто возење. „Женското рели се прави со цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот и да испрати порака дека не секогаш брзината е најважна. Најважно е да се вози безбедно и да се почитуваат сите сообраќајни правила и прописи“, рече министерката за внатрешни работи Гордана  Јанкулоск. „Мартовското женско авторели“ го организираат  АКК „Кастрол рејсинг тим“, Здружението на граѓани „Сообраќајна безбедносна зона“, општина Гази Баба  и Град Скопје. Според податоците на МВР, и покрај спротивното популарно верување во јавноста, статистиката покажува дека во изминатите години жените во Македонија се покажале како исклучително совесни учесници во сообраќајот.
Слично

Поврзани вести