(ФОТО) Железница забрани пристап за новинари, Мисајловски молчи!
Откако вчера неколкумина вработени во желзница започнаа бојкот со глад, утринава раководството на желзница со усмена наредба ги затвори вратите за пристап на новинарите и на останатите вработени од железница кои сакаа да се приклучат на оние кои внатре во просториите на желзницата веќе втор ден започнаа бојкот со глад.
Директорот Никола Костов одбива да одговори на телефонските повици а од Министерството за транспорт и врски се прогласија за ненадлежни, иако истите кога се најавува инвестиција се првите кои што даваат изјави во железницата.
Дел од вработените во желзницата револтирани најавуваат радикализаија на бојкотот со поставување на шатори пред капијата на желзницата каде што планираат да бојкотираат со глад .
ФОТО: Фактор





