ФОТО:Зградата на Владата обоена со катапулт
Зградата на Владата попладнево повторно е обоена со катапулт.
Пред почетокот на протестот граѓаните си ги обоија лицата во различни бои, кои ја симболизираат „Шарената револуција“. „Кривиот пишува кривични" е мотото на денешниот протест. На протестот е присутно и комбето од кое беа запленети бои претходните денови. Демонстрантите имаат повеќе барања, меѓу кои се целосно повлекување на аболицијата од претседателот, Ѓорѓе Иванов и оставка.
Кривични пријави добија над 30 лица кои учествувале во протестите во Скопје и Битола.
Слично




