(ФОТО) Засилени контроли од Делчево до Скопје за автобуси кои тргнале на митинг
Граѓаните кои утринава тргнаа од најисточниот град на земјава Делчево да присуствуваат на митингот на опозицијата, јавуваат за Фактор дека се соочуваат со силни притисоци, запирање на автобусите на секои двете километри и претрес на автомобилите.
-Само што излеговме од градот веднаш не запреа, велат дека прават контроли, и само не малтретираат, не ни даваат по 20 минути да тргнеме, а после 9 км повторно истото, велат граѓаните кои се на пат кон Скопје.
Опозицијата вчера соопшти дека се прават разни опструкции само граѓаните да не дојдат на митингот, а почнале да откажуваат и превозниците на кои веќе им било платено.
Така од Штип денес наместо 25 автобуси тргнале само 10 поради откажувањето на превозниците.
Заев, рече дека ќе направат се ама граѓаните ќе дојдат на протестот па макар и со возови, трактори и багери.



