(ФОТО) Започнаа протестите на хонорарците против плаќањето придонеси
Голем број хонорарни работници меѓу кои новинари, преведувачи, глумци, музичари и многу други придонесувачи во социјалниот живот во 12 часот се собраа во Жена-парк во Скопје за да го изразат својот револт против оглушувањето на Владата за нивните барања поврзани со измените кои предвидуваат плаќање придонеси и за хонорарите.
Според нив владата ќе нанесе непроценлива штета на најранливата категорија работници „наплатувајќи“ 37 отсто од нивниот хонорар за придонес со што ќе ја влоши и онака лошата егзистенцијална положба.
Револтот е дотолку поголем и поради нефер поделбата на хонорарците односно одлуката за плаќање придонеси за хонорарите на функционерите каде тие се обврзуваат да плаќаат само 10 отсто.
Протестот почна пред Собранието на република македонија, а како што е најавено треба да заврши пред Владата.
Надлежните органи најавија дека нема да попуштат на притисокот и дека од први јануари законот за хонорарци ќе стапи на сила.
Слично
