Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Закон за хонорарци ќе ги осиромаши сиромашните

(ФОТО) Закон за хонорарци ќе ги осиромаши сиромашните
Голем број хонорарни работници меѓу кои новинари, преведувачи, глумци, музичари и многу други придонесувачи во социјалниот живот излегоа на улиците во Скопје за да го изразат својот револт против оглушувањето на Владата за нивните барања поврзани со измените кои предвидуваат плаќање придонеси за хонорарите. Според нив владата ќе нанесе непроценлива штета на најранливата категорија работници „наплатувајќи“ 37 отсто од нивниот хонорар за придонес со што ќе ја влоши и онака лошата егзистенцијална положба. „Новинарите кои што веќе една третина се во хонорарен работен однос, начинот на кој ние денеска го покажуваме нашето незадоволство е последица од игнорирањето, па и манифестацијата на презир кон сите обиди за разговор и укажување дека овие измени ќе ги осиромашат сиромашните, а богатите ќе си останат богати“, рече Тамара Чаусидис, синдикалниот лидер на новинарите. Револтот е дотолку поголем и поради нефер поделбата на хонорарците односно одлуката за плаќање придонеси за хонорарите на функционерите каде тие се обврзуваат да плаќаат само 10 отсто. protest1 „Овие законски измени ќе доведат до големо осиромашување на граѓани кои и така земаат ниски хонорари, бидејќи се принудени да работат за хонорар, а не за плата. Дополнително, може да значи дека нивните газди ќе ги отпуштат од хонорарен ангажман со што ќе се зголеми невработеноста. Директно се засегнати сите хонорарни работници, но овие законски измени отвораат голема опасност газдите да злоупотребат и сегашни вработени и нововработени да бидат префрлени од редовен во хонорарен работен однос, со што дополнително ќе им се намалат работничките права“, нагласува Здравко Савевски од Ленка. Протестот почна пред Собранието на република македонија, а како што е најавено треба да заврши пред Владата. Надлежните органи најавија дека нема да попуштат на притисокот и дека од први јануари законот за хонорарци ќе стапи на сила.
Слично

Поврзани вести