Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Закажани протести нема, мал број граѓани излегоа пред СЈО

ФОТО:Закажани протести нема, мал број граѓани излегоа пред СЈО

Група граѓани вечерва се собраа пред СЈО, иако здружението „Протестирам“ најави дека протестите ќе мируваат за Велигден.

ChJWzQ4WMAAf-tQ

Демонстрантите се незадоволни од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници. Тие носат транспаренти на кои пишува „Аболиција или полиција за ова судство“, „Од секое дрво не бива свирче - судија“, „Многу судии имаат помалку рбет од медузи“, „Никола не лажи народ, носот ќе ти порасне“, „со вакво судство и аболиција од Хорхе ќе владееш 100 години“.  На протестот се говореше и за задолженоста на земјата. Учесниците на протестот велат дека нивните деца ќе бидат горди затоа што се побуниле против оваа власт.

ChJU3H-WwAAlJtY

Ова е трета недела откако почнаа протестите. Во меѓувреме и ГДОМ ќе мирува додека траат Велигденските празници и 1 Мај.

Слично

Поврзани вести