(ФОТО) Заев на средба со Борисов: Разврска во Македонија ќе дојде во почетокот на следната недела
Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев денес се сретна со премиерот Бојко Борисов.
Претседателот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија пристигна во еднодневна посета на Бугарија. Ова е прва посета на Зоран Заев во земјите од регионот, која има за цел да се информираат соседите на Македонија за политичката криза во Скопје. Заев отиде во Бугарија, на покана на БСП, но ќе има средби и со претставници на владејачката партија.
Заев ги запознал бугарските политичари со ситуацијата во земјава и многу се потпира на Бугарија да помогне - како најблизок пријател и членка на Европската унија и НАТО, за да може во Македонија да се решат работите по мирен пат и да не дојде до кризи како во Украина и поранешна Југославија. "Јас, за да нема талкања, сакам да кажам што сме зборувале, истакна на почетокот премиерот Борисов. Според него, Македонија ја има поддршката на Бугарија за пристапување кон ЕУ и НАТО, но многу држиме по демократски пат да биде решена политичката криза, категорично сме против секакви говори за федерализација на Македонија. Власта и опозицијата мора да најдат заеднички јазик таков каков Европа бара, посочи Борисов и нагласи дека ние не се мешаат во внатрешните работи на Македонија, но ни пречи тоа што таму има политичка криза и тоа е нашата граница и еден народ, кој е најблиску до Бугарија. Пред десетина дена се слушнавме со Заев и тогаш решивме да направиме средба со него. Имавме и со опозицијата, со владеачката, за да покажеме дека во Бугарија не се делиме на леви и десни, кога се работи за стабилноста на една држава, изјави во заклучок Бојко Борисов."Очекуваме дека со посредство на комесарот Хан ќе можат да се најдат решенија за излез од политичката криза во Македонија. Ако тоа не се случи, по логиката на нештата, доаѓа веќе можноста за формирање на специјален претставник на ЕУ за Македонија, кој треба да биде гарант за текот на овој процес. И поради тоа сакаме прво да дадеме шанса на политичкиот дијалог, кој треба да започне во почетокот на следната недела во Скопје ", изјави претходно Заев.
"Бугарија е голем пријател на Македонија и тоа го покажувала многу пати досега, почнувајќи го признавањето на нашата независноста, па досега. Знам дека Бугарија, како членка на ЕУ, го мисли доброто на Македонија, без разлика дали станува збор за ЕП или во ЕК. Што и да предлага Бугарија, секогаш е правилно и така се прави од страна на пријател, и за пријател. Тоа што јас го знам е дека Бугарија сака Македонија да е членка на ЕУ и НАТО и затоа земјата сака да ни помогне, а не како на опозиција или на владејачка, туку едноставно, како на голем пријател на Македонија ", додаде тој.


