(ФОТО) За него нема зима - секој ден се капе во море
За Емил Реџеповиќ од Водица кај хрватскиот град Шибеник утрински ритуал е капење во море, иако е многу студено и температурите се под нула.

Тој секое утро во 7 часот со велосипед и мантил оди до морето на плажата Вруље, се капе и си оди дома.

Ова го практикува веќе 7 години, без разлика на годишното време. Ниту -7 степени не го спречија да се искапе во морето.
Тој вели дека се капел и на постудено време.
„Морето никогаш не е толку ладно за да не можеш да се капеш. Постудено е кога дува јужен ветар и имате чувство како некој со нож да ве боде“ - раскажува Реџеповиќ.
Овој човек вели дека не знае што е настинка и главоболка, и се чувствува фантастично.
Слично
