Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Вработени од ОХИС протестираат пред Влада

(ФОТО) Вработени од ОХИС протестираат пред Влада

Вработените од Охид излегоа на протест пред Владата.

Ги бараат заостанатите 24 плати. Велат дека пред неколку дена побарале средба со премиерот Никола Груевски но до денеска не добиле повратен одговор.

protest ohis1

-Не ни се исплатени 24 плати, во нашата држава има пари за се само за нас нема. Побаравме средба со премиерот и ништо, сега бараме да се сретнеме со Ставрески или Пешесвски. Во моментов во фабриката се издаваат простории и се земаат пари а каде одат тие пари ние не знаеме. Во ниту еден буџет не сме планирани, ова е срамота“, вели вработен во Охис.

protest ohis2

Вкупниот долг кон вработените е од 4 до 5 милиони евра. Досега имаше 13 неуспешни тендери за овој државен згубар.

Пред три недели на истото место протестираа вработените, но како што велат оттогаш до денес, и покрај ветениот одговор, надлежните не ги уважиле повиците за средба.

protest ohis3

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести