(ФОТО) Воена опрема од НАТО за Украина блокираше граничен премин во Бугарија
Целиот граничен пункт „Капетан Петко Војвода“ во близина на Свиленград денеска е блокиран од конвој со воена опрема како помош за Украина и од автомобили на воена полиција како придружба на испораката, информираат бугарски медиуми.
Некое време имало застој на граничниот премин и не беше пропуштена колоната на цивилни возила кои доаѓале Грција, па морало да се чека додека камионите со воена опрема не поминат.
Самите цариници објаснија дека оружјето е од НАТО и пристигнало на пристаништето во Александрополис. Оттаму преку автопатот и обиколницата покрај Орестиада конвојот пристигнал на граничниот премин „Капетан Петко Војвода“.


Слично
