Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Во вторник и среда се повикува на протести во Тирана и Приштина?!

(ФОТО) Во вторник и среда се повикува на протести во Тирана и Приштина?!

Протести за искажување на незадоволството од пресудата во случајот „Монструм“ се планираат за утре и во среда во Тирана и во Приштина пред македонската амбасада, информира порталот Лајм.

Имено, поддршка на демонстрантите им дава албанскиот рапер Пресиони  кој на Фејсбук профилот повикува за колку што е можна поголема излезенот.

„Во вторник во Тирана во 18 часот ќе се одржи протест како поддршка за нашите браќа од Скопје и на Илиридата!!!! Исто така, на Косово во среда во 15 часот во Приштина ќе се одржи протест пред македонската амбасада како поддршка на нашите браќа Албанци!!! Немојте да изостанете и вие!!!! Строго е забранета дистрибуција на оваа вест до политичките партии, тие не се поканети на овие активности.... НИЕ СМЕ ЕДНО. МОЈА АЛБАНИЈА“, напишал раперот.

Не изостанува поддршката и од пејачката Туна Сејдиу која на нејзиниот Фејсбук профил го напиша следново:

„Денес македонските Албанци протестираат. Јас ќе протестирам во среда во Приштина. Се надевам дека колегите од Албанија ќе покажат дека ‘Ние сме едно’ на протестот во Тирана во вторник. Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Дебар и Струга, јас сум со вас“, напиша Сејдиу на својот фејсбук-профил.

 
 
Слично

Поврзани вести