Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ВО СРБИЈА ПОТОП: Едно село е под вода, урнати се мостови

(ФОТО) ВО СРБИЈА ПОТОП: Едно село е под вода, урнати се мостови

Поплави има во соседна Србија. 

Поради дождот кој од вчера не престанува да паѓа на подрачјето на Краљево се излеале потоците во Сирча, а поплавени се и неколку куќи во Рибница.

Прогласена е вонредна состојба за целата територија на градот. Во некои делови на Краљево, паднале меѓу 30 и 60 литри по метар квадратен, а во текот на ноќта и утрото во некои делови на Краљево, немало ни електрична енергија.

Вонредна ситуација е прогласена и во општината Книч.

Поради силните дождови реката Дуленка се излеала и сега е закана за општината Рековац.

Селото Вича, на 10  км од Гуча, во општина Лучани, скоро цело е под вода. Спасувачките екипи се на терен, но не е целото село евакуирано. Во селото Долни Дубац уништени се најмалку 5 мостови. 

Спасувачките екипи со механизација од рано наутро се на терен, јавува репортерот на ТВ Прва, кој изјавил дека е "шокиран од глетката која ја начекал". РХМЗ соопштил дека силни врнежи се очекуваат во текот на целиот ден. 

Директорот на градските служби за спасување изјавил дека и покрај пристигнатата механизација и спасувачките тимови, малку може да се направи за приливот на водата да се спречи.

фото курир.рс

Слично

Поврзани вести