(ФОТО) Во Призрен одржани протести во знак на поддршка на Палестина
Мирни протести со неколку стотици учесници денеска околку 13:30 часот се одржаа во Призрен, каде истите прошетаа носејќи транспаренти со пораки за поддршка за жителите на Газа.
Граѓаните истакнале дека не се сложуваат со израелските напади против цивилното население.
Многу градови ширум светот денеска му се придружија на Призрен во кои се одржуваат слични протести.
Во меѓувреме, од почетокот на израелските напади преку 800 Палестиници го загубија животот, воглавно цивили.
Слично


