ФОТО: Во Истанбул вонредна состојба – донесени 1.800 специјалци
Во Истанбул синоќа е воведена повторно вонредна состојба.
На улиците има засилено полициско присуство, објавија новинските агенции. Турските власти распоредија 1.800 специјалци од соседните окрузи во Истанбул. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган синоќа издал наредба борбените авиони на армијата да патролираат на небото над Турција. Летовите се со цел поголема контрола на воздушниот простор. Ердоган спомена дека е можно да се врати смртната казна која е укината во 2004 година.
Министерството за внатрешни работи информираше дека при обидот за државен удар од петокот спроти сабота загинале најмалку 290 лица.
Во меѓувреме, за време на операцијата во еден од истанбулските квартови, полицијата најде оружје, сокриено од војниците кои го организирале обидот за државен удар.
Обвинителството во Истанбул започна истрага за можен „обид за државен удар и граѓанска војна“.
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим го повика народот да излезе на улиците на целата земја, за да ја прослави демократијата и победата над обидот за преврат. Тој ги повика граѓаните да останат смирени.



