(ФОТО) ВО БиХ ЛЕТАА ПОКРИВИ: Во некои села има наноси од по два метри снег
Врнежите од снег предизвикаа хаос во БиХ.
Градот Мостар ноќеска беше погоден од силни ветрови кои предизвикаа штета на деловните, станбените згради и возилата.
Во Горажде летаа покриви. Во некои села во БиХ снегот има наноси високи по 2 метри.
Малиот град Соколац пак беше целосно отсечен од светот, затоа што ветерот урна далноводи, и немаше електрична енергија и вода.




Утрово е отворен магистралниот пат Гламоч – Млиниште, а на патниот правец Купрес – Шуица – Ливно привремено возат само автомобили.
Во Хрватска има една жртва во невремето.
Слично
