Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Вистинска хаварија на Димо Хаџи Димов во Кисела Вода

(ВИДЕО-ФОТО) Вистинска хаварија на Димо Хаџи Димов во Кисела Вода

Невремето направи тотална хаварија на неколку места низ Скопје, каде имаше и некои покритични места.

Урнати дрвја, паднати кровови, поплавени улици е сликата низ метрополата на Македонија.

Граѓани кои живеат на улица Димо Хаџи Димов во Кисела Вода се револтирани од општината и на социјалните мрежи го искажуваат револтот потенцирајќи на проблемов кој постои веќе подолг период.

„Кога и да има невреме во градот ние се соочуваме со тотална хаварија“. „Опомена до надлежните во градот, општината до кога оваа улица,„Димо Хаџи Димов“ ке биде проблем кога има поголемо невреме,еве гледајте и сами со што се борат секогаш луѓето кои живеат на оваа улица“, се некои од статусите на Фејсбук.

На терен се веќе надлежните институции и ги санираат последиците.

Слично

Поврзани вести