(ФОТО) Видете го најубавиот студентски дом во светот
Еден од најубавите студентски домови во светот се наоѓа во Данска, а условите што ги нуди како да се излезени од студентска фантазија.
Тој е изграден пред девет години во Копенхаген, а дизајниран е од страна на архитектонското биро Lundgaard & Tranberg.
Домот е на осум спрата, од кои еден е под земја. Во приземјето има факулиња, сали за состаноци, игрални, училници и сл.
Кампусот има и свој сопствен фитнес центар, како и отворени терени за кошарка, пинг понг и останати спортови.
Студентите имаат и читална, интеренет соба со компјутери, скенери, печатачи и слично, како и две музички соби со клавири, тапани и останати музички инструменти.
Престојот во овој дом чини од 400 до 700 евра, во зависност од собата.
Слично




