Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО:Турски авион излегол надвор од писта на Приштинскиот аеродром

ФОТО+ВИДЕО:Турски авион излегол надвор од писта на Приштинскиот аеродром

Авион на „Туркиш ерлајнс“ кој доаѓал од Истанбул синоќа при слетувањето излегол надвор од пистата на аеродромот во Приштина.

Според тамошните медиуми, во инцидентот немало повредени во авионот во кој имало 143 патници и осуммина членови на екипажот.

На летот ТК 1018 од Истанбул имаше мал инцидент, но за среќа никој не е повреден, соопшти портпаролката на аеродромот, Валентина Гара.

„Фала му на Господ, се спасивме од трагедија“- напишал на својот Фејсбук профил еден патник.

333

Поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, ги негираше информациите дека таа била во авионот.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/GwvGOitEdo4[/embed]

Приштинскиот аеродром е привремено затворен се до завршување на истрагата за несреќата.

Turkish

Слично

Поврзани вести