ФОТО+ВИДЕО: Што побара ЛГБТ заедницата на 12-та Парада на гордоста во Атина?
Во грчката престолнина Атина вчера 12- ти пат по ред без никакви проблеми и со масовна поддршка се одржа Парадата на гордоста.
Илјадници Грци излегоа на улиците за да ја поддржат борбата за рамноправност меѓу сите и борбата против дискриминацијата поради различната сексуална определба.
Мотото на парадата беше „Маж/жена не се раѓаш туку стануваш“ и преку него грчката ЛГБТ заедница побара од државата поголеми права.
Парадата ја поддржаа и општина Атина и градоначалникот Јоргос Каминис, лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, поранешната претседателката на собранието Зои Константопулу, јавни личности, странски амбасадори и други.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/h0Y1Tj7LFsY[/embed]
Слично

