Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Пожарот на островот Тасос продолжува

ФОТО+ВИДЕО: Пожарот на островот Тасос продолжува

Пожарите на грчкиот остров Тасос уште не се изгаснати.

2

Два хеликоптери се мобилизирани од рано наутро, за да го изасат огнот. Во гаснење на пожарот учествуваат 36 пожарникари со 14 возила и 44 волонтери. Властите на островот соопштија за повредени лица. Евакуирани се жители на населбата Казавити.

3

Во текот на изминатата ноќ се изгорени и куќи. Огнот најверојатно е предизвикан од гром. Има четири  жаришта, а силните ветрови пречат за гаснење на пожарот и го шират. Огнот тргнал од село Принос чии жители беа евакуирани. На места огнот стигна на само 200-300 метри од градбите. Пожари беснеат и на Атон.

Пожарот е налик на оној од 1985 година, кога огнот уништи голем дел од шумите на островот.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/kszIKrykEQI[/embed]
Слично

Поврзани вести