ФОТО+ВИДЕО: Пожар во Грција, има и „заглавени“ Македонци
Голем пожар по 13 часот изби во шума во Порто Карас на вториот крак во Грција, каде во моментов се „заглавени“ и голем број туристи од Македонија.
Гори ниска шума и грмушки, а ветер им ги отежнува условите на пожарникарите да го стават под контрола огнот. Запалени се маслинови дрвца и домови.
Екипите кои се обидуваат со авиони да го изгасат пожарот се на терен. Ангажирани се повеќе од 60 пожарникари. Дел од туристите се „заглавени“ од огнената стихија која се прошири во близина на патот, поради што не можат да се засолнат подалеку. Освен македонски граѓани, има и српски туристи на местото каде што беснее пожарот. Зафатени се повеќе од 1.5 милиони метри квадратни површина.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/CCd9pw1vplY[/embed]
Слично



