ФОТО+ВИДЕО: Пожар на Лефкада проголта дрвени куќи
Пожар избувна на грчкиот остров Лефкада.
Во центарот на стариот дел од градот Лефкада изгореа шест традиционални дрвени куќи, соопштија локалните власти.
Нема повредени лица, а 35 пожарникари со 15 возила и со помош на хеликоптер го гаснат пожарот.
Делот во кој се појави пожарот е густо населен, а дрвените куќи се една до друга.
Населението од центарот на стариот град е евакуирано.
Причината за појава на пожарот засега не е позната.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/iEp-P0_bj5U[/embed]
Слично


